“Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон. -AL I.40
“ти немаш право освен да ја вршиш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.” – AL I.42-43
“Секој маж и секоја жена е ѕвезда!” -AL I.3
1. Човекот има право да живее по својот сопствен закон-
да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.
2.Човекот има право да јаде што му е волја;
да пие што му е волја;
да престојува каде му е волја;
да се движи по површината на земјата по својата волја.
3. Човекот има право да мисли по своја волја;
да зборува што му е волја;
да пишува што му е волја;
да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
да се облекува како му е волја
4.Човекот има право да љуби како сака –
исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја. Al I.51
5.Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
“Робовите ќе служат” -AL II.58
“Љубовта е закон, љубов под волја”. -AL I.57