Liber Oz

Liber Oz

„тоа е закон на силните:
тоа е наш закон
и радост на светот.“
AL II:21

“Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон. – AL I.40
“ти немаш право освен да ја вршиш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.” – AL I.42-43
“Секој маж и секоја жена е ѕвезда!” – AL I.3

Нема бог освен човекот.

1. Човекот има право да живее по својот сопствен закон-
да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.

2.Човекот има право да јаде што му е волја;
да пие што му е волја;
да престојува каде му е волја;
да се движи по површината на земјата по својата волја.

3. Човекот има право да мисли по своја волја;
да зборува што му е волја;
да пишува што му е волја;
да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
да се облекува како му е волја

4.Човекот има право да љуби како му е волја –
„исполнете се со љубов по волја,
како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја.“ AL I.51

5.Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.

“Робовите ќе служат” –AL II.58

“Љубовта е закон, љубов под волја.” – AL I.57

Back To Top