Жените и Телемата

Жените и Телемата

In Nomine Babalon

Aisha Qadisha

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон

Како многу Телемитски жени се разочарував од забележаното женомрзие кое се провлекува низ некои од Кроулиевите дела. Ги слушнав некои од браќата кои се ставаа во негова одбрана велејќи дека таквите духовити забелешки полни со женомрзие се балансирани со пофалби и величење на жените. Некои пак милуваат да кажат дека тој бил со една нога во стариот, а со другата во новиот еон. Двете објаснувања го презентираат дуалистичкиот механизам во неговото размислување. Верувам дека тој често бил со едната нога над Бездната, а со другата под неа. Под бездната, Кроули страдал од искушенијата на страстите како и сите нас: огорченост и тагување што ги придружува сите скршени срца, неговото незадоволство од моралот на Викторијанските жени; сето ова беше присилено да се јави во неговите плодотворни дела. Но понекогаш Кроули беше способен да ги надмине динамичните флуктуации на Руахот и да го увиди вистинскиот потенцијал на Жената: “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”.

Мислам дека кога ја гледал Жената од трансперсонална перспектива можел да ја види нејзината божественост. Кога пишувал за неговите лични врски со жените, тој несакајќи откривал ограничување во неговата социјална зрелост. Па тогаш зошто овој феминист му се придружи на О.Т.О.?

Мојот поранешен професор по Литературен Критицизам еднаш му кажа на нашиот клас дека повеќето големи социјални движења биле водени од Големи Луѓе како што се Маркс, Фројд, Ганди, Платон, Исус итн., и дека следбениците на овие движења станале фиксирани на самиот лидер и ја пуштиле сета своја креативна енергија во верувањата на човекот и дека тоа е опасноста на ваквите движења. И тоа е опасност за О.Т.О., бидејќи сите искажани Кроулиеви верувања не се наклонети кон жените. Да се надеваме дека нема Телемити кои веруваат дека “жената нема душа”, но тоа е можно. Тоа повеќе ме потсетува на баналните христијански налепници за автомобилски браници на кои пишува “Бог така рече, Јас верувам и тоа е доволно”. Само заменете го “Бог” со “Кроули” и го добивате истиот тип на некритичко размислување. Имајќи го сето ова во предвид решив да се придружам на социополитичката група на покојниот Голем Човек, Алистер Кроули. А тоа не е која било социјална група, внимавај, згора на тоа се работи за соларно-фалички култ. Се плашам дека мојот ценет професор, кој упатуваше на движењата од тие “Големи Луѓе” како на “логофалоцентрични”, ќе биде разочаран од мене. Но јас не жалам воопшто за тоа.

Искрено да кажам единствена причина заради која му се придружив на О.Т.О., после петгодишно самостојно Телемитство, беа динамичните жени кои ги видов во Кампот Скерлетна Жена во тоа време, имено Sor Continuity и Sor. Lilith. Бев способна да го најдам одговорот кој другите не можеа да ми го објаснат со зборови преку моето дружење со многу неверојатни жени и мажи од нашата Оаза. Бев зајакната како жена, смртна и божествена, со доблеста на поддршката, љубовта, охрабрувањето, одличниот секс и магичките ритуали кои ги споделував со моите браќа.

Феминистичкиот страв што го имав порано дека еден Кроулиевец ќе посака да ме направи објект на божица, обична играчка за сексуална магика, беше страв на една човечка жена која не е поврзана со изворот на моќта. Овој страв не може повеќе да биде поддржан кога би станала во мојот ум и тело Божица.

Постојат некои работи кои никој не може да ти ги одземе и признавањето за нечија божественост е една од нив.

За време на моето кратко стеснување во Редот, јас го исмевав Кроули, се сомневав, дебатирав и си ја трескав главата против силите кои имаа продорни прашања и на крајот заклучив дека не само што има место за еднаквост на жените во О.Т.О., туку и дека О.Т.О. делува како моќно возило за зајакнување на жените и мажите ин номине Бабалон. Ова е нешто што Кроули не доживеа да го види како цвета, но мислам дека ако можеше да не види во акција, браќа и сестри кои работат рамо до рамо за донесувањето на Новиот Еон со љубов под волја, тој би бил горд (и самозадоволен!).

Љубовта е закон љубов под волја.

Back To Top