Извадок од „Konx Om Pax“ од A. Kроули
Свети Павле проговори од ридот на Марс
кон празноглавите Атињани;
Попрво би им зборувал на ѕвездите
отколку на празноглави Атињани.
Лесно е да се објави култ, да се извика
нов крстоносен поход со “Deus Vult”
Но нема да добиете добар одзив
од празноглавите Атињани.
Луѓето од Лондон се многу слични
на овие празноглави Атињани.
Лесно би ги натерал да треперат,
тие празноглави Атињани.
Грст Библија, канта со бензин,
јас или кое било друго магаре,
Би ги спровел низ нашата мистична ноќна миса
тие празноглави Атињани.
Најпосле и немам многу полза
од празноглави Атињани.
Птиците кои ги заробив ќе бидат слободни;
тие се празноглави Атињани.
Мислев да направам некакво добро,
но шансите се десет спрема еден ако можев
Се сомневам дека би спасил, кога би можел
толку празноглави Атињани.
Па (со малку к’смет) им велам збогум
на празноглавите Атињани.
Што е до мене, нека одат по ѓаволите,
тие празноглави Атињани.
Ги мразам вашите идиотски притресувања,
Вие мајмуни што се потсмевате зад решетки
Повеќе сум дома со ветрот и ѕвездите
отколку меѓу празноглавите Атињани.

Познат и како Лао Цу. Полумистичен кинески филозоф и застапник на патот на динамично недејствување. Основач на филозофијата и религијата на таоизмот и автор на „Тао Те Кинг“, кој е вклучен во Liber E и препорачаната листа за читање од A∴A∴.
Познат и како Мојсеј; според Јосиф, неговото вистинско име било Осарсиф. Моше е добро познат како хебрејски законодавец и основач на абрахамската религија на јудаизмот, служејќи им на раните Израелци како Пророк, Свештеник и Крал. Како и Исус, Мојсеј веројатно бил, всушност, синкретистичка фигура. Кроули го сметал за Магус на A∴A∴, чиј Збор бил IHVH, што ја изразува структурата на Универзумот. Традиционалните претстави на Моше, вклучувајќи ја и познатата статуа на Микеланџело, често го прикажуваат со рогови. Видете го Поглавје 73 од Liber Aleph и Поглавје 7 од The Book of Lies. Приказната за Моше е изложена во Библијата, која е вклучена во Секција 2 од препорачанта листа за читање на A∴A∴.