Интервју со Υµεναιοσ Α

Интервју со Υµεναιοσ Α

Во 1983 е.в. ревијата UNICORN објави интервју со Калифот Хименаеус Алфа (Grady McMurtry) и Lola D. Wolfe од Калифорнискиот О.Т.О.; прашањата за UNICORN ги поставуваше Frater V… D…

Unicorn: Кога е основана Калифорниската секција на О.Т.О. и какви се нејзините легитимности?
Калиф: Одговорот се состои од два дела. О.Т.О. дојде во Калифорнија со помош на моето 40 годишно искуство и преку Ровер Смит кој се сретна со Кроули во Канада во текот на дваесеттите или триесеттите години каде што имаше многу заинтересирани. Конечно Смит во Лос Анѓелес, Калифорнија, основаше О.Т.О. ложа, која после смртта на Кроули беше единствената активна ложа. Во 1939 год., бев инициран во Калифорнискиот О.Т.О..
По Втората Светска војна во Англија и Германија не постоеше ниту една О.Т.О. група, Кроулиевата библиотека сe уште беше во Виена вo сопственост на г-ѓа Гермер која никогаш не била член на О.Т.О.. Таа беше против О.Т.О. зашто сметаше дека станува збор за црна магија и сл.
Во педесеттите години се обидов повторно да ги собераам некогашните членови, но неуспешно. Сепак, никој од нив не можеше да основа сопствена ложа, оти ниту еден не беше инициран во повисоките степени.
Кога во 1969/70 О.Т.О. го издаде Кроулиевиот Тарот, Редот имаше само уште пет членови, иако многу од поранешните членови с# уште се познаваа. Наскоро после тоа издание Редот повторно се зголеми.
Друга легитимност е Кроулиевото писмо во кое ме именува за свој Калиф, значи за Калиф на неговиот Ред. (факсимил од тоа писмо е објавен во О.Т.О. Newslet. Vol. I No 4 стр. 22).
Unicorn: Што е целта на вашата работа и на што се темели?
Wolfe: “Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон”; целта на секој поединец е да го пронајде своето сопствено Јас. При тоа можат да му користат искуствата на другите; ние имаме учители и школи. Иницијациите се вонредно значајни. При тоа инсистираме новиот иницијант самиот да е присутен; не изведуваме иницијации по пат на пошта или астрално.
Unicorn: Што ви значеше и што ви значи А.Кроули?
Калиф: Ми беше многу драг пријател. Често ме прашуваат како било кога сум се состанувал со Кроули; беше агилен, друштвен англичанец кој пиеше пушеше и многу проповедаше, кој можеше секого да надвладее на кое било подрачје; само еднаш го победив во шах. Со Книгата на Законот го основаше Редот и на прво место се разбира е мој пророк. Останатите негови дела секој има право да ги критикува.
Unicorn: Каков е во груби црти вашиот систем на Иницијација; дали во вашиот Ред постои 11-ти степен?
Калиф: Нашиот систем на Иницијација се гледа од Манифестот на Редот; 0–3 степен е отворен за секого. Постои Единаесетти степен и се гордеам што можам да го кажам тоа. Реактивиран беше пред повеќе години кога кај мене дојде еден млад човек со таа желба. Единаесеттиот степен е надвор од останатите степени и не учествува во нивната хиерархија. Секој што би сакал учество во тој степен може да ни пише.
Unicorn: Каква улога игра Магиката во животот на иницијантот според правилникот на О.Т.О.?
Wolfe: Кога човек е инициран, Магиката не игра улога само во неговиот личен живот туку станува дел од таа личност, баш како и кај уметникот, кој не е уметник само понекогаш. Со ова прашање сакавте да поставите стапица – природно дека е О.Т.О. организација и нејзините членови имаа посебна положба во неа, но суштината и понатаму е тие да го пронајдат своето вистинско Јас и да живеат според тоа. Ова, исто така, е и основа на Редот.
Unicorn: Дали О.Т.О. на своите членови им дава постојани насоки за нивните Магички студии? Колкава слобода имаат членовите при работата и при оценувањето на (структурата) студиите во Редот? Постојат ли некакви догми?
Калиф: Во 0 степен се бара загосподарување со терачкиот ритуал и водење на дневник, меѓутоа тоа секојдневно може да се заврши во рок од половина или еден час.
Секој член може да учи што му е волја, може да оди кај учител по јога, а освен тоа може да пристапи во некој друг Ред, што се однесува до тоа потполно се слободни – Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон. Од организациска гледна точка морам да напоменам дека не сме некој универзитет или училиште со фиксни основни насоки и студиски курсеви, туку сме слични на универзумот: ништо статично, неподвижно и постојано присуство на некој процес или постапка. Имаме одделенија и студиски курсеви, но поента во тоа е да се посредуваат не одредени магички системи, туку технички способности.
Од нашиот однос на студии очигледно е дека, ако некој го негира, тој повеќе не може да биде член.
Секој може да се занимава со тоа што му е волја; на пример со ритуали, било да се тие самостојно или групно изведувани како во Регардиевата “Златна Зора”. Основен ритуал е и Гностичката Миса. Се студира Јога, астрологија, тарот итн., секој мора да најде свој сопствен систем зашто важно е индивидуалното. Не веруваме во систем кој би вредел за сите!
Unicorn: Каква улога игра сексуалната магика во О.Т.О.?
Калиф: Седмиот до Деветтиот и Единаесеттиот степен се сексуалномагички степени. Претставуваат облик на Самоиницијација и значајни се во Кроулиевата Магика. Бидејќи се премногу лични, за тие степени скоро и да нема материјал. При ова ми падна на ум една идеја за Свештеничката во Гностичката Миса. Во упатството пишува дека таа треба да биде гола (види Liber XV). Меѓутоа тоа зависи од групата која го изведува ритуалот и јасно е дека ниту една свештеничка не може на тоа да се присили. Во некои О.Т.О. ложи кои се тесно поврзани со паганските и вештерските движења (Witchcraft, скратено Wicca), потполно е природно ритуалите да се изведуваат “skyclad” (необлечен) доколку тоа го дозволува просторот и времето; исто така, тоа не е прашање на Магика, туку на вкус.
Unicorn: Каков став имаа О.Т.О. кон денешното Паганство и Wicca?
Калиф: Како и О.Т.О., паганското движење настана и стана револуционерно во дваесеттите години; Книгата на Законот и О.Т.О. имаат многу слични ставови како и паганите. Немаме формален став за паганското движење.
Се покажа дека во северна Калифорнија и во другите делови на државата има многу пагани кои се интересираат за О.Т.О. и Кроули. Често соработувавме со Првосвештеничката Shandria и Телемитскиот Ковен на кој му припаѓа. Во нашиот Ред повеќе членови се бават со Wicca отколку со Јога. За разлика од тоа, сатанизмот е потполно христијански проблем; тоа е само обратен одраз на таа религија.
Unicorn: Што е А.’. А.’.?
Калиф: А.’. А.’. значи Сребрена Ѕвезда (Astrum Argentum). Кроули ја основа во Мексико. Тоа беше неофицијална многу лична работа. Без прекин А.’.А.’. и понатаму постои. А.’.А.’. настана како приватна група на членови од Редот за откривање на Внатрешните Мистерии. О.Т.О. беше и сe уште е материјална подлога на тој Ред. Членови се и Мажи и Жени, поради што во минатото постоеа озборувања дека се занимаваат со тантра и дроги, што Кроули толку убаво го опиша во своите Свети Книги. Информациите за А.’.А.’. се вистински Вавилон.
Unicorn: Што е Гностичка Католичка Црква?
Wolfe: Г.К.Ц. потекнува од гностиците, секта која ги чувала тајните на паганската религија, а сакала да го прими и христијанското учење. Службено е призната како Религија и има на пример Лутачки Проповедници или женски бискупи. Таа религија е за оние што од кои било причини сакаат да ја сочуваат енергијата (на таа црква) и тоа спиритуалното добро и кои чувствуваат потреба за црковна средина и редовна божја служба. Таа е самостојна огранизација која не припаѓа во О.Т.О., иако обете имаат нешто заедничко.
Така на пример во нашиот храм редовно се изведува нивниот значаен Ритуал, Гностичка Католичка Миса што ја напишал Кроули.
Unicorn: Дали Вие и Вашата организација сте поврзани со други Редови, на пример со Редот Cubic Stone?
Калиф: Воопштено кажано не сме поврзани со други Редови.
Unicorn: Одржувате ли односи со IOT?
Калиф: Не, воопшто не го познавам.
Unicorn: Каков однос имате со Fraternitas Saturni? (Востановено од германецот Eugen Grosche, Fra. Gregorius)
Калиф: Од 40–тите години имаше три убави објави од Fraternitas Saturni но немаме никакви лични и само споредни организациски односи со тој Ред.
Unicorn: Какви лични и организациски односи имате со масоните?
Калиф: Нашиот Пророк Алистер Кроули, а и масоните рекоа дека сме ние дел од масоните и дека имаме заедничко минато.
Unicorn: Каков став имате што се однесува до легитимноста на минатите О.Т.О. – кон Редовите како на пример Грантовиот?
Калиф: Тоа со легитимноста е повторно европски Вавилон. Немаме никакви односи и цврсти ставови кон минатите О.Т.О. Редови. Нема ништо што би попречувало воспоставување на врски. Со Кроули еднаш го сретнавме Грант; околу Божиќ 1944 год.
Unicorn: Каков однос имате со Мецгер?
Калиф: Господин Мецгер, “Frater Paragranus” ни пиша 1969/70 и ни предложи манифест во ритуален облик, како избор од неговите манифести, но нашите контакти на крајот се прекинаа зашто не сакаше да не признае за Водачи на Редот. Тоа беше само еден од предметите за кои имавме различно мислење. Наскоро потоа Fr. Paragranus со својата ложа основа сопствен Ред.
Ние моментално имаме ложи во Канада, Норвешка, Австралија, Нов Зеланд итн.
Unicorn: Како воопшто ја гледате иднината на светот, а посебно на О.Т.О.?
Калиф: Наше мислење е дека светот во иднина ќе биде полн со немири и кризи. При тоа О.Т.О. треба да врши стабилизирачко влијание. Кога ќе успееме во нашето —— да го најдеме нашето вистинско Јас, се надевам дека тие кризи ќе ги победиме.
Unicorn: Дали постојат адреси во Германија, Швајцарија итн., на кои читателите можат да се обратат?
Калиф: Како што знаете во II светска војна Германија ја видов во многу лоша состојба и се надевам дека повторно ќе ја посетам.
Unicorn: Заблагодаруваме на разговорот.

Back To Top