Сексуално изразување

Сексуално изразување

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон

Сексот е честа тема во Телемитските дискусии ширум светот. Многу е кажано за Кроулиевиот поглед на сексот и тој е обвинуван за сексуални перверзии и контроверзни сексуални експерименти. Неговиот љубовен живот бил дефинитивно необичен. Варирал од верен сопруг до секс‐магичар кој работел со проститутки. Од бисексуалност и пред‐хипична “слободна љубов” до чудните перверзии што ги смислувал со Leah Hirsig. Кроули го пробал сето тоа. Но, кому му е грижа за Кроулиевиот сексуален живот?

Книгата на Законот вели: “Исто така, исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја!” Ова е апсолутен налог да ги задоволите вашите сексуални желби како што ви е Волја. Забележете, не пишувам “како што сакате”, бидејќи секогаш постои еден избор од неколкуте можни, во зависност од вашиот партнер и од вас самите. Водењето љубов секогаш треба да биде “под волја”. Ова, исто така, е Магичка Формула, но од Математичка природа и ќе ја коментирам понатаму на овие страници.

Овој налог зависи од ВАШАТА одлука. Можете вечно да бидете верен на вашиот избран партнер или да имате толку многу партнери, од кој било пол, колку што ви е волја. Општо погрешна е идејата дека Телемата го нагласува промискуитетот и “слободната љубов” како што беше сфатено од хипи‐движењето. Го нагласува, но и не го нагласува. Изборот е ваш и на вашиот партнер или партнери. Една работа е тоа што го кажал Кроули како личност, а друго е она што го кажуваат Светите Книги на Телемата. Секој маж и жена имаат свои природни потреби во сексуалниот живот. Никој не треба да ги принидува да прифатат или да прават работи спротивни на тој избор. Почитувањето на изборот на другите луѓе е апсолутен принцип.

Вашиот партнер мора да се согласи со вашите желби, во спротивно ќе се судрите со нечија друга волја и веројатно тоа ќе ве одведе во неволја. Не постојат морални импликации во ова. Ако вашиот партнер сака да има 10 љубовници и вие се согласувате со тоа, зошто да не го направите тоа? Но, ако таа ве сака само вас, а вие сакате 10 љубовници, тогаш имате проблем. Одењето по 10 љубовници, веројатно ќе го натера вашиот партнер да ве напушти. Поради тоа вие морате да изберете. Правењето избор е превземање одговорност за вашиот живот, а превземањето одговорност е половина закон. Соодветен назив за втората половина е верност. Бидете сериозни во одлуките што сте ги донеле и следете ги верно и бидете искрени спрема себе и спрема вашата околина.

Поседувањето на неколку партнери во исто време може да ви донесе проблеми со навлегување на непознати и непожелни енергии во вашиот личен Магиски Круг, или пак препуштањето на еден партнер може да ви предизвика некој вид на фрустрации ‐ особено ако не се сложувате на сексуално ниво. Тоа е секогаш избор. Извесно е дека љубовта и сексот можат да бидат раздвоени. Исто така е сигурно дека тие можат многу добро да си одговараат. Лично можам да ги раздвојам сексот и љубовта, кога не сум вљубен. Кога е човек заљубен, верноста станува клучен збор, како и формула за достигнување на повисоки врвови на сатисфакција.

(Она што го мислев е следно: Ако некој се плетка со мојата девојка тоа носи проблеми. Кроули го опиша принципот за сопругата како Талисман. Човек не смее да и дозволи да дојде во контакт со нешто што ќе ја профанизира. Како што му е познато на секој Магичар, Талисманот е строго лична работа. Неговото валкање со несакани сили може да ја уништи неговата цел). Вие треба да ја изразите вашата сексуалност во согласнот со вашата Волја.

Ако не е така, тогаш вршите насилство над самите себе или над нечија Волја. Ако планирате сексуален напад на згодната ќеркичка од соседите, подобро е да се подготвите за нејзиното татенце кој ќе ве чека со ловечка сачмарка или за неколку години затвор. Ако пак планирате сексуално да се поиграте со соседскиот јарец, причувајте се од неговите рогови! Овие необични примери се само како илустрација дека не треба да ја повредиме Волјата на било кое суштество, во спротивно можеме да очекуваме некој вид на казна. Многу идеи за сексуалното изразување потекнуваат од некоја форма на “перверзија”, некои од нив заслужуваат да бидат постојано анализирани, додека други мора да се изживеат во соодветната ролја или која било друга форма. Ако вашата лична перверзија е со
намера да и наштети на друга личност, во тој случај имате проблем. Ако не се справите со тоа, тогаш вие или некој друг ќе биде вовлечен во неволја.

Изборот што треба да го направите е оној за кој постои најмала веројатност дека ќе ја наруши вашата ментална рамнотежа. Предметот на овие избори е да се достигне Јама, термин од јога со значење “Контрола”. Кроули на таа тема пишувал во книгата Осум Лекции за Јога: “Ваша цел е да изведете јога. Вашата вистинска Волја е да се венчате со универзумот и вашиот етички код мора
постојано да биде адаптиран на условите во вашиот експеримент. Дури и кога ќе откриете кој е вашиот код, ќе мора да го модифицирате напоредно со вашиот напредок; “Преобликувај го така што ќе биде поблиску до желбата на срцето” ‐ Омар Хајјам. Баш така, во експедиција на Хималаите, вашите правила од секојдневниот живот што важат во долината на Сиките или Горен Инд ќе мора да
бидат променети кога ќе стигнете до глечерот. Но, можно е да се укажи (воопштено и со најголемо внимание) на видот на појави што ќе ви сметаат. Треба да се отстрани с# што го слабее и што го исцрпува телото или пак го вознемирува или го раздразнува умот. Бидете сигурни дека во текот на вашето напредување ќе се соочувате со тешкотии што се нераскинливо поврзани со посебните околности
во кои ќе вежбате; тогаш ќе морате да пронајдете начин за да се справите со нив, така што ќе го сведете на минимум она што ви прави неволји. Ќе откриете дека не можете да ги совладате препреките на јама и да ги отстраните од својот ум еднаш за секогаш. Погодните услови за почетникот можат да станат неподносливи пречки за адептот, исто така, она што на почетокот не претставува пречка,
подоцна може да стане најсериозна препрека”.

Како што е видливо од горенаведеното, овие импулси не се статични, туку постојано се менуваат. Во еден периодот од животот може да претпочитате повеќе љубовници, а кога ќе најдете соодветен партнер ќе се средите и ќе бидете само со неа ‐ или обратно. Овде не постојат правила. Единствени правила што се применуваат се оние што ги создаваш за својот живот. Една работа не е полоша од друга, но најверојатно во определен момент постои само една која е најидеална за вас. Откријте ја и следете ја!

Сексуалното потиснување од кој било вид е корен на многу болести на човечкиот мозок. Храбро бидете она што сте! Осмелете се да ја задржите вашата сексуалност света! Не дозволувајте му на никого да се меша во вашите соништа и желби. Проживејте ги. Тоа е единствен начин да ги заштитите да не прераснат во опсесии, за чие отстранување ќе ви треба многу време и маки кога ќе зачекорите
на Магиската Патека. Повторно се соочуваме со избор. Ако сакате да имате сексуален однос со ќерката од соседите, а вашата сопруга не се согласува со тоа, можете да изберете да останете подалеку од неа, инаку ќе ја изгубите сопругата, или пак можете да ја задоволите вашата желба, да ја излажете сопругата и да не и кажете ништо. Или едноставно можете да ја напуштите сопругата.

Прашањето е што можете да издржите од сето ова. Единствен избор што не смеете да го направите е да се премислувате. Кога еднаш ќе одлучите, враќање назад нема.

Сексот може да се искористи за Магиски цели и Кроули работеше многу на тоа. Како и да е овде ќе се воздржам од коментари. Сексуалната Магика поверојатно е дека ќе предизвика повеќе проблеми отколку што ќе помогне, освен ако не сте вешт Магичар. Секој почетник што сум го запознал сака да работи со тоа. Послушајте го мојот совет и почекајте. Ако сте упорни на Патеката, ќе дојде вистинското време.

Љубовта е закон, љубов под волја.

Back To Top