Роуз Кели

Роуз Кели

Розата на Светот (Rose of the World) е посветена како сеќавање на Rose Edith Kelly. Rose Kelly беше родена на почеток од жештините на 23 јули, 1874 е.в. Таа беше постара сестра на Сер Gerald Festus Kelly, подоцнежниот Претседател на Кралската Уметничка Академија во Англија.

Роуз Кели и Алистер Кроули се сретнаа во 1903 е.в. Кроули го знаеше Џералд Кели уште од 1898 е.в. кога се сретнаа на Универзитетот Кембриџ. Кроули тукушто ја имаше отпечатено Акелдама која го фасцинира Кели. На почеток тие планираа заеднички да издаваат магазин, но тоа никогаш не го направија. Наместо тоа тие изградија блиско пријателство.

Откако Кроули се врати од Мексико и далечниот исток, каде патуваше околу 1900 е.в., тој беше поканет да живее со Џералд Кели во неговото уметничко ателје во Парис на Rue Campagne на Montparnasse. Околу 1903 е.в. на Кроули му се здосади од Париз. Се вери со една девојка Ајлин во Лондон, но тие наскоро се разделија. Потоа замина во Куќата Болескин во Шкотска и имаше љубовна врска со некоја девојка која тој ја спомна само како „црвенокосата Арабела“.

Во Шкотска Кроули случајно го сретна Џералд Кели кој бил на одмор во Стратпефер. Тој беше поканет на одмор, па замина со црвенокосата Арабела во Единбург и потоа отиде сам. Таму беше местото каде што ја сретна Роуз. Таа беше вдовица на мајорот Скирет со кого живееше од 1895- 1897 во Јужна Африка. Кога тој умре таа се врати кај нејзината фамилија во Англија.

Во времето кога Кроули ја сретна таа имаше врска со некој човек Франк Самерс. Бидејќи не беше финансиски независна таа ја лажеше својата фамилија дека е бремена. Фамилијата и даде 40 £ за да направи нелегален абортус. Наместо тоа таа ги потроши сите пари на убави фустани и ручеци. Нејзината фамилија беше разлутена кога го откри трикот и реши дека таа треба да се омажи повторно. Затоа фамилијата Кели договори веридба меѓу Роуз и некој Хаувел, кој живеел во САД, но кој ќе се враќал во Англија во летото 1903 е.в. за да ја ожени Роуз.

Кроули пристигнал во Стратпефер на 11 август 1903 е.в. Џералд Кели го поминувал времето играјќи голф со еден човек Хил кој бил заљубен во Роуз. Кроули ги заборавил палките за голф и наместо тоа го поминал времето во разговор со Роуз, која му кажала за нејзиното договорено венчавање. Притоа тој и кажал за неговите идни планови и веднаш и предложил брак. Кроули мислел дека тоа ќе биде формално – чекор со кој ќе се ослободи девојката од договореното венчавање. Тој погрешил многу. Роуз веднаш му ја кажала веста на Џералд Кели кој ја сфатил целата работа како обична шега.

Во магливото утро на 12 август 1903 е.в. крадешкум ја напуштиле куќата во Стратпефер. Се качиле на воз кој одел за Дингвол и го повикале локалниот шериф (прев. извршниот судски чиновник). Тој не бил мразбуден и на двојката и било кажано да чекаат. Налутениот Кроули веднаш му се заканил на шерифот со адвокати и жалби и тие одбиле да ги напуштат просториите ако не се земат. Па тоа утро во 8 часот Роуз Едит Кели стана госпоѓа Кроули. Кроули за да го направи чинот поритуален ја држел својата кама во едната рака.

Само што се зеле во моментот влегол Џералд Кели сиот налутен и се убил да го удри Кроули, но воопшто не го погодил. Зад Џералд бил Хил кој врескал дека бракот е нелегален и неважечки. Работите се смириле и Кроули договорил Џералд документот да се заврши, а потоа Кроули да се врати во Стратпефер за да разговара со мајката на Роуз. Така и направиле.

Кроули и Роуз заминале во хотел таа вечер. Кроули станувал се понервозен. Роуз се смеела за целата работа. Таа изнајмила соби додека Кроули шетал по плажата. Подоцна напишал во Исповедите дека помислил оти е штета што водата е премногу ладна за да се удави…

Роуз резервирала соба за двајца, а тоа го направило Кроули уште понервозен. За вечера тие пиеле шампањ и Роуз подоцна заминала во собата додека Кроули останал во хотелското салон за пушачи. Таа иста вечер тој напишал:

Розо на градите од пролетниот свет,
Ги навалувам градиве на твојот цут;
Мојот префинет живот извира од тебе;
кон тебе неговите расположенија и значења се припиваат.
Одминувам промени и мислејќи на мирот,
Исткаен што е од чудесниот разбој на љубовта,
Розо на градите од пролетниот свет! 

Потоа се качил по скалите…

Следниот ден пристигнале во куќата Болескин. Црвенокосата Арабелан требало да дојде истиот ден, но Кроули се плашел да и каже за бракот. Затоа го имал шерифот од Дингвол кој ја фатил на станица и ја пратил назад во Единбург. Во наредните три недели двојката лудо се заљубила. Тие планирале свадбено патување. Планот бил лов на крупен дивеч во Цејлон и посета на Алан Бенет во Рангун. Купиле пушки од Лондон, отпатувале во Париз и по неколку дена заминале за Марсеј. Потоа продолжиле преку Неапол до Каиро. Таму останале во Кралската комора од Кеопсовата пирамида и Кроули се обидел да и ги покажи на Роуз силфите. Имало магиски резултат, но не и силфи…

Од Каиро отпатувале во Индија, Кина и Цејлон. Во Коломбо Роуз открила дека е бремена. Веднаш решиле да се вратат во Куќата Болескин. Па така на 28 јануари 1904 е.в. парот заминал за Аден, Суец и Порт Саид. Пристигнале на 8 февруари 1904 е.в. Следниот ден заминале за Каиро.

Во Каиро Роуз стигнала под името „Уарда“ (Ouarda = роза на арапски), додека пак Кроули се преправил како персиски принц. Заминале на пат до Хелван и повторно се вратиле во Каиро на 11 март, 1904 е.в. На 16 март Кроули се обидел да го повтори неуспешниот експеримент со инвокацијата на Силфите. Немало Силфи. Наместо тоа Роуз паднала во транс пеејќи „Тие те чекаат тебе“…Тоа било почетокот на примањето на Книгата на Законот. Оваа сторија е прераскажана на многу места затоа ќе ги дадам само најкратките детали. Роуз блебетала „Се работи за детето“ и „Тоа е сиот Озирис“ итн. Кроули бил вознемирен. Подоцна таа му открила дека оној што го чека е детето, Хорус.

Роуз не знаела ништо за египтологија и Кроули ја подложил на строг тест, кој подоцна го забележал во Еквинокс. За волја на вистината Роуз не била баш некој читател. Секогаш носела книга од Браунинг во својата чанта и ги замолувала луѓето да и ја подадат за да ги импресионира. Но не била заинтересирана за читање. Кроули никогаш не ја опишал Роуз како глупава,туку повеќе како незаинтересирана за читање. Наспроти тоа, Роуз била добро образована.

Некое време пред 23 март 1904 е.в. тие го посетиле музејот Булак и Роуз му се приближила на одреден надгробен споменик, Стела, која ја означила дека е поврзана со сето тоа. Забелешките се штури во овој период. Она што го знаеме е дека: На 20 март 1904 е.в. Кроули извел инвокација на Ра-Хоор-Куит. Роуз била облечена во сошиена сина одежда со златен вез. Кроули носел слична црвена одежда со златен вез. Ништо не се случило. Ритуалот повторно бил изведен на полноќ и ним му било кажано дека Еквиноксот на Боговите зазорил.

Во периодот меѓу 23 март и 7 април била преведена Стелата. На 7 април Роуз му кажала на својот сопруг што треба да прави во текот на 8, 9 и 10 април – времето кога била примена Книгата на Законот. Книгата била примена во тој период и двојката се вратила во Куќата Болескин. Бидејќи Роуз била бремена, Кроули средил неговата тетка Ани да се пресели кај нив и да и помогне на Роуз околу домаќинството. Исто така, ги убедил фамилијарниот доктор Персикал Бот и хирургот Ајвор Бек, кој го знаел од Кембриџ, да се преселат во куќата.

Роуз развила силен интерес за Магиката за време на нивниот меден месец. Таа му помогнала на Кроули да направи храм во куќата Болескин и започнала да прави Светлосни Колачиња, кои се опишани во Книгата на Законот. Наскоро се појавиле проблеми. Кроулевите стар ментор Мекгрегор Матерс објавил магиска војна. На Кроули под мистериозни околности му изумреле неколку кучиња-трагачи во куќата Болескин. Роуз и Алистер заедно направиле талисмани за да го евоцираат Белзебуб и да му го вратат ударот на Матерс. Визиите на Роуз за 49-те слуги на Белзебуб се убаво опишани во Кроулиевата книга Bagh-I-Muattar.

Меѓу другите необични феномени што започнале да се појавуваат во близина на куќата Болескин е и појавата на непознат вид на бубачки, како што е претскажано во Книгата на Законот. Кроули фатил една и испратил примерок во Лондон. Видот бил непознат за науката. Но ова не биле единствените инциденти. Роуз за малку ќе била убиена од страна на еден домашен слуга, кој ја нападнал. Кроули го натепал со трска за риболов и го затворил во визба се до доаѓањето на шерифот кој го однесол во притвор.

На 28 јули 1904 брачниот пар Кроули добил ќерка. Таа била наречена Нуит Ма Ахатор Хеката Сафо Џезабел Лилит Кроули. Роуз добила породилна психоза, која речиси ја убила во наредниот период, бидејќи медицинската сестра и дала отров.

Таа била добро во 1905 и двојката планирала одмор во Сент Мориц. Од Сент Мориц Кроули сакал да продолжи да планинари. Тој заминал прв, а по него подоцна следеле Роуз и Лилит, кои требало да го сретнат во Калкута, Индија. Пред нивното доаѓање Кроули бил нападнат од крадци и убил еден од нив со пиштол. Настанот бил спомнат во весниците и англичаните од Калкута, плашејќи се од одмазда, го советувале Кроули да ја напушти што е можно поскоро. Тој – како што е кажано – ја отпоздравил Роуз при нејзиното пристигнување со зборовите: „Дојде навреме за да ме видиш обесен!“ Објаснувајќи и ја ситуацијата и кажал на Роуз дека може да избира меѓу одење пеш преку Кина или преку Персија. Нејзе и изгледало дека Кина звучи добро, па така најмиле дадилка, заминале за Рангун и потоа во Бурма.

Роуз и Лилит пријатно се одморале додека Кроули заминал да го најде неговиот стар мајстор и ментор, Алан Бенет. На 15 ноември 1905 двојката отпатувала за Мандалеј. Пристигнале на 21. Неколку дена подоцна отпловиле за Бахмо каде стигнале на 1 декември 1905. Тие престојувале во англискиот конзулат чекајќи го пристигнувањето на пасошите и документите. Малата фамилија одјавала за Кина и пристигнала во Тенгјех, а оттаму до Мамук. Четири дена по заминувањето од Бахмо тие преминале границите на Кина. Замислете такво патување; четири месеци пеш и со јавање муле низ Кина, а Лилит едвај имала година дена… Кроули напишала многу фини забелешки за силата и издржливоста на Роуз при ова патување. Некогаш тие патувале повеќе од 12 часа во денот и Роуз била сама за да го згрижи детето. Патувањето завршило во Хајфонг каде парот се качил на брод за Хонг Конг. Роуз отпатувала до Калкута за да го земе нивниот багаж, а Кроули заминал во Њујорк на нова планинарска експедиција. Роуз била повторно бремена.

Кроули пристигнал во Ливерпул на 6 јуни 1906 е.в. и таму ја добил најлошата вест во неговиот живот. Лилит Кроули умрела од тифус! Роуз ја родила и втората нивна ќерка Лола Заза, која била наречена заради желба на Роуз, по главната личност од Буден Свет во Кроулиевиот Konx Om Pax. По три недели од нејзиното раѓање, Лола Заза за малку ќе умрела од бронхитис. Тоа било премногу за Роуз. Таа започнала да пие претерано.

Оттогаш врската меѓу неа и Кроули никогаш не продолжила како порано. Во тоа време двојката живеела на ул. Ворвич 93, Лондон. Џералд Кели се обидел да ја однеси сестраси на лекување. Во 1909 е.в. Роуз била затворена во санаториум од фамилијарниот доктор. Кроули со горки солзи запишал дека во 1909 е.в. ја љубел Роуз посилно од кога било, но нејзиниот живот пропаѓал. Крајниот резултат бил разводот.

На Лола Заза, која ги надживеала Роуз и Алистер, не и останало ништо друго освен огорчени чувства. Во 1947 е.в., кога Кроули умрел, таа ги одбила работите кои Кроули ги оставил за нејзе. Роуз Кроули умрела во 1932 во лудница.

Дозволете ми да ја завршам оваа сторија со благодарност кон нејзе, Розата на Светот, Првата Скерлетна Жена на Телемата, жена чие значење често е занемарувано. Без неа, ќе не немаше „нас“… Таа беше медиумот, кој направи се да се случи.
Почивај во мир, Ти, Розо на Светот!

Љубовта е закон, љубов под волја.

Back To Top