Крвна клевета

Крвна клевета

Бил Хајдрик

Copyright © 1985 by Bill Heidrick

Овој уводник за првпат се појави во The Magical Link, 10/31/85 e.v.

Во последните неколку месеци во САД на површина се појави древното зло. Тоа е озлогласеноста позната како „обвинување за крвна жртва“. Новинските агенции пренесуваа приказни, а една голема ТВ станица лансира документарец за необичната тема на сатанистичко убивање на деца.

Покрај седмата сила ова интересно подметнување на емоционален пожар најде вистински верници кај анкетните агенции и граѓаните. Возљубени Телемити и пријатели, Џорџ Сантајана еднаш напишал; „Оние кои не го памтат минатото се проколнати да го заборават“. Еве ја вистината. Еве ја историјата.

Десетици илјади деца исчезнуваат во светот секоја година. Повеќето се враќаат. Некои се најдени. Некои се проституираат. Некои се убиени. Некои се брутално растргнати. Повеќето едноставно заминуваат од дома како што беше случај со дедоми на 16 годишна возраст. Ова е така уште откако има деца на светов. Бројот се намалува со популацијата и тешките времиња; но таков е случајот со секое семе, постои губиток во секоја генерација. Грижата и одгледувањето можат да го намалат тој губиток статистички, но не постои начин да се заштитат сите. Не постои родител моќен како случајноста. Со толку скапоцено битие како што е детето, разумот не може да го урамнотежи она што Немезис наслепо го одзела. Родителите на изгубеното дете може да бидат компензирани со причината ама никогаш нема да бидат исцелени.

Постојат луѓе кои не познаваат граници во нивната потрага за контрола и надмоќ над умовите. Постојат луѓе, кои намерно ја користат тагата на родителите како неопислив пат до моќта. Така правеле пред 2000 години и така прават и денес против добрите луѓе.

Во зората на претходниот Еон, постоеше нов Култ во Римската Империја. Главно се состоеше од неуки луѓе од најсиромашките класи.
Овој Култ не веруваше во многу работи, само во љубовта (Агапе) и во учењата на Мајсторот на Храмот (Magister Templi) наречен Џошуа. Овој рабин поучуваше приказни и некои стари прописи познати на философите од Персија и Египет. Можеби правел чуда, но таквите работи се преувеличуваат при самото прераскажување.

Главно им помагал на сиромашните во околината на Тивериското езеро. Постоел политички немир во тоа време. Џошуа бил сметан за странец (Јосиф е единствениот извор за него, и во неговите дела единственото спомнато упатување е за „некојси Египќанец“). Кутриот човек бил ‘однесен‘ и станал жртвено јагне за толпата од рабини па бил распнат на крст. Ова веројатно било направено како предупредување против јавните немири во тие денови. Џошуа бил сметан за многу посебен од страна на неговите десетина следбеници и така тие ја промениле нивната тага во нова мистерија за неговото „умирање и победување на смртта“. Тоа доведе кај неколку генерации до заедничко причестување и рецитирање на изреки од забелешките на Џошуа при разни прилики.

Една од тие забелешки можеби била за црвената боја на виното и за мрачното подбивање со човечките жртви кои ги изведувале повремено сиромашките жени во долината Хинон. Обично немажена жена ако родела дете морала да се ослободи брзо од него. Во тоа време постоела смртна казна за немажените мајки. Долината Хинон некогаш била место за жртвувања на локалниот бог Баал. На таквите жени им било дозволено да ги отстрануваат своите бебиња таму. Оние што биле растроени понекогаш ќе го убиеле бебето, веројатно како чин на пркос спрема богот што ги направил луѓето индиферентни за овој посебен проблем. Рабинот Џошуа веројатно имал на ум некое посложено упатување и веројатно ја пропуштил поентата со пехарите. Следниот ден бил уапсен. По неколку години оваа забелешка почнала да се интерпретира различно.

Христијанските писатели од првите 150 години упатуваат честопати на телото и крвта од нивниот Исус Христос (ова е грчки назив за „Месијата Џошуа“). Во најраните записи, овие упатувања изгледа дека имплицираат сродство со рабинот Џошуа, а не некој вид на ритуално јадење на симболичното тело и крв под превезот на лебот и виното. Псевдо Варнава (100 г н.е.) пишувал остро против жртвувањето на животни и растенија, кое било вообичаено во тоа време. Во вториот век се оформило многу различно мислење за активностите на христијаните. Главно заради слабото учество во јавните жртвувања и апстиненцијата од месо (барем од месото што тогаш се продавало, а кое било од храмските кланици) христијаните биле прогласени за атеисти. Античките власти го користеле јавниот чин на обожавање како интегрален дел од политичкиот систем.

Бидејќи овие христијани се прехранувале сами  и ги избегнувале жртвувањата затоа биле сметани за можни државни предавници. Некои несреќни работи се случиле, особено јавната егзекуција на Поликарп. Според Иренеј (c.120 to 202 e.v.), еден посебен настан се случил во грчката заедница. Сомневајќи се во нешто, грците (Иренеј не вели дали делувале службено или како одмаздници) фатиле некои робови од христијаните. Овие робови очигледно не биле христијани. Откако биле измачувани, робовите биле натерани да проговорат за религиозните практики на нивните мајстори. Робовите ги цитирале нивните мајстори кои велеле дека „нивната причест била од телото и крвта на Христ“. Уследила официјална истрага со обвинение за канибализам.

Треба да се напомене дека некои грчки мистериозни религии од тоа време имале канибалистички елемент, особено Орфичките и Дионизиските. Митраистичките мистерии биле многу пошироко распространети и често практикувани од членовите на христијанските фамилии, а имале и добар „јадење на богот“ аспект. Една римска куќа била ископана пред 35 години под Свети Клементе во Рим. Легендите говорат дека таа куќа, во времето на Стариот Рим, била местото каде апостолот Петар прославувал „Миса“ во спомен на „Последната вечера“. При откопувањето бил откриен мал комплетен домашен храм со статуа на Добриот Пастир. Оваа статуа имала рогови и била митраистичка, а не христијанска. Раните христијани установиле практика на посвојување на бебињата што биле оставени и напуштени на јавни места. Иако овој чин веројатно бил наменет едноставно за да го зголеми бројот на христијаните и да го ублажи страдањето, сепак изгледа оти бил во прилог на клеветата дека христијаните жртвуваат деца на нивниот бог. Наскоро, исчезнувањето на децата оставени незгрижени по пазарите им било припишано на христијаните. За бегалците се говорело дека биле жртви на христијаните. Случајниот манијак кој вистински убивал деца понекогаш бил нарекуван христијанин од јавноста. Некои отпаднати пагани можеле да глумат „лоши христијани“ во тие дамнешни времиња.

Уште на почетокот, луѓето како Игнациј (c.30 to 107e.v.) се обидувале да го организираат и контролираат христијанското движење. Посебно Игнациј ја вовел епископската идеја (бискупи одвоени од верниците). Тој извршил самоубиство за да стане познат како маченик, бидејќи Поликарп (љубезен човек кој не сакал да им кажува на христијаните што да прават) станал познат преку мачеништвото. Со тек на време, во умовите на верниците, христијанството се помешало со митраизмот; и „Евангелија“ (post 100 e.v.) биле напишани, кои ги мешале сториите за рабинот Џошуа со делата на богот Митра. Оваа попрактична вера се проширила меѓу легиите и провинциите се дури римските императори не ја усвоиле во државата како вредно богатство. Уследило потиснување на старата римска религија и „обвинението за крвна клевета“ било поместено и не ги вклучувало христијаните како објаснување за исчезнувањето на децата.

Во следните векови, Крвната клевета продолжи да игра главна улога при потиснувањето на малцинските религиозни и етнички групи. Несомнено најлошиот случај е користењето на оваа монструозна лага за да се поведе погромот против источните еврејски заедници во 16-тиот и 17-тиот век. На овој период му го должиме ковањето на терминот „крвна клевета“. Цели села биле убиени од Козаците заради бизарната клевета дека еврејските фамилии ги жртвуваат христијанските бебиња како „јагниња“ секоја Пасха.

Жил де Реј (Gilles de Raiz), воениот советник на Јованка Орлеанка, бил испитан и осуден заради убиство на деца во сатанистички и сексуални ритуали и сега е познат под името „Синобрадиот“. Можно е Синобрадиот вистински да ги направил овие работи, но познато е дека е отстранет заради политички причини. Дворот на кралот Луј XIV од Франција имал скандал за „Црни миси“ со човечки жртви припишани на еден посебен свештеник и некои дами, кои барале начин како да изнапредуваат во дворот. Периодот на Реформација (во католицизмот) имал многу случаи на протестанти кои тврделе дека католичките калуѓерки се блудници кои ги заѕидуваат своите копилиња во ѕидовите на манастирите. Повторно, можеби имало некои вакви случаи заради обичајот на Марија Тереза од Австрија да ги сместува „слободните девојки“ во женски манастири.

Во секоја генерација има изгубени и малтретирани деца. Во секоја генерација владата се обидува да го игнорира детскиот морталитет и исчезнувањата како да се проблем што е преголем за решавање. Во секоја генерација оправданиот крик на ужалените родители е прифатен од добронамерните и од бескруполозните подеднакво, бидејќи кризата бара внимание а нуди и презрив пат до моќта.

Денес повикот е против Вештерките и Сатанистите. Погромот стигна до салите на Американскиот конгрес; и ти, драг читателу, си наменет јарец за јавната жртва! Вештиците во денешно време почесто припаѓаат на средната класа и се над просечното образование, па затоа можно е да се спречи повторното палење. Немојте да мислите дека телемитите се безбедни затоа што не се сатанисти или оти не припаѓаат на Вика (Wicca). Радикалната христијанска десница не прави некоја ваква разлика. Во однос на ова, околу 1/3 од членовите на O.T.O. се исто така вклучени во Wicca, околу 1/3 Евреи (ова се променливи проценки) и непознат мал дел од членовите на O.T.O. можеби навистина веруваат во христијанскиот ѓавол. Следниот дел случајно видов снимка на телевизија, која покажуваше човек со знакот „Роден повторно Паганин“. Коментаторот рече дека е „атеист“. Изгледа дека просечните христијани никако не можат да сфатат дека нехристијанските религии се реални и валидни. Просечниот христијанин е слеп за фактот дека само Христијаните може да станат христијански сатанисти. Повеќето нехристијани едноставно не веруваат ниту во христијанскиот бог ниту во христијанскиот ѓавол. Како може да веруваат во такви работи и да не бидат христијани?

Еве што се случи. Не се откри никакво организирано сатанистичко подземје, веројатно затоа што таква криминална организација не ни постои. Постојат изолирани случаи на манијаци и лудаци кои мачеле и осакатувале деца. Има многу исчезнати деца. Радикалната христијанска десница одлучи да го нападне Првиот амандман од американскиот Устав преку тврдењето дека паганите се одговорни за исчезнатите деца.

Недостигот на никаков реален доказ изгледа дека не е проблем. Фундаменталистичката христијанска пропаганда против паганите и wicca измислува школа за детски убиства. Насилничките лудаци од христијанско потекло ги слушаат овие глупости и доаѓаат до заклучок: дека она што го прават при својата умноболност е „Сатанизам“, „Вештерство“ и слично. Тоа е она што го велат кога ќе бидат уапсени. Овие несреќници склопуваат бурлескен ритуал од филмовите и од фанатичните библиски проповеди. Некои од нив не бараат нас при својата потрага за друштво. Некои од нив ги убиваат нашите деца!

Еве кој беше првиот чекор. Сенаторот Jesse Helms, R.N.C. го воведе овој јазик во еден амандман во фискалната 1986 Трезорски и Поштенски одобрени буџетски средства: “Никакви средства што се одобрени со овој акт нема да бидат користени за да се донира, одржува или дозволи даночно олеснување на некој култ, организација или друга група што има за цел, или што има некаков интерес да го промовира Сатанизмот или вештерството“. Овој амандман на одобрувањето на буџетски средства го помина Американскиот сенат преку гласање со акламација. Следен беше Претставничкиот Дом и таму се појави како HR3036. Амандманот беше тивко отстранет на 10/31/85 e.v., веројатно бидејќи наближи Халовин. Претставникот Walker го понуди HR3389: “сметка за отфрлање на даночните олеснувања, данокот на доход, данокот на имот и даночните одбивања при поклони и донации на религиозните организации кои имаат значаен интерес во промовирањето на вештерството. 503(n) Религиозни организации, кои имаат значаен интерес во промовирањето на вештерството.

(1) Генерално, и покрај параграфите (c) (d) од членот 501, секоја религиозна или апостолска организација што има за примарна цел да го промовира вештерството или која има значаен интерес при промовирањето на вештерството нема да биде изземена од оданочување под членот 501(a).

(2) Дефиниција на вештерство — Како што е наведено во овој параграф терминот „вештерство“ значи  наводна употреба на

         a) Моќ добиена од зли духови;

         b) Вештерство;

         c) Натприродни моќи со злобна намера.”

Разбрав дека овие будалштини привремено пропаднаа во Претставничкиот Дом, но тие ќе се вратат. Оваа интересна насока во американската политика изгледа дека доаѓа од истите сенатори и делегати, кои го поддржуваат задолжителното воведување на христијански молитви во школите и забраната за абортус.

Доколку сакате да го изразите своето мислење онаму каде што вреди, можете да го најдете името на вашиот сенатор или делегат во телефонскиот именик или јавната Библиотека. Двете адреси се: Senate Office Bldg, Washington D.C. 20510 и House Office Bldg., Washington D.C. 20515. На телеграмите им се обраќа повеќе внимание отколку на писмата, а телеграмска порака за јавно мнение од 20 зборови преку  Western Union може да се испрати за $4.45 преку јавување на 1-800-325-6000.

Им се извинувам на нашите Браќа и Сестри што се надвор од САД за сета оваа работа што е регионален проблем, но ако ова може да се случи овде тогаш би можело да се случи и онаму каде што живеете. Земете ја оваа лекција и следете ги вашите медиуми и политички претставници.

Уште една завршна белешка на оваа тема. Телемата е ранлива како што било и раното христијанско движење на лажни извештаи и погрешни толкувања на она што го говориме и објавуваме. Кроули напишал дека жртвувал деца повеќе пати. Ние знаеме дека тоа значи контрацепција, но оние што не се телемити не знаат. Посебно има многу луѓе кои го сфаќаат Кроули како да говори за буквално убиство преку таа изјава. Останува на нас да го корегираме ова потенцијално штетно погрешно толкување.

Bill Heidrick

Back To Top