За Кроулијанството

За Кроулијанството

“Така имате ѕвезда и ѕвезда, систем и систем; нека едното не го познава добро другото!” – Liber Legis I:50.

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон

Старите кралеви имале несреќна навика да ги убиваат гласниците кои донесувале лоши вести. Убивањето на гласникот не ги решавало проблемите, но секако правело кралот подобро да се чувствува. Современите кралеви како ги нарекол Liber Legis изгледа дека развиле една нова лоша особина; обожавање на гласникот, кој ги донесол добрите вести. Тие нови Кралеви, се разбира, се Телемитите; добра вест е изгревањето на Хорусовиот Еон; а гласникот е, не треба ни да се рече, Алистер Кроули.

Разликата меѓу Телемата и “обожувањето на Кроули” е јасна. Телемата бара од секој поединец лично да го оствари соединувањето на Хадит и Нуит, опфаќајќи го целокупното искуство со “љубов под волја”. Кроулијанството од поединецот не бара ништо; откако Вујко Ал ја помина Бездната и ги прибележи своите впечатоци и ние можеме да постигнеме посредничко Просветлување со читање на неговите дела. Не можам да одолеам на споредбата со Исус, кој умре за да ги откупи гревовите на Христијаните; очигледно Кроули преминал за да ја исповеда мрзливоста на Телемитите. Да погледнеме една Кроулиева песна:

Ние не веруваме Ни во Девица ни во гулаб; Нашиот метод е Научен, А целта Религиска

– што конкретно кажува третиот стих? Научната метода е емпиризам. Еден искуствен метод на знаењето го избегнува судот и авторитет, барајќи сите идеи да се прифатат или отфрлат врз база на непристрасно набљудување од прва рака. Да погледнеме како тоа се применува во една едноставна работа – на пример начинот на изведување на Помалиот Терачки Ритуал на Пентаграм. За да одговори на ова прашање некој “обожавател на Кроули” би ги прочитал сите Кроулиеви инструкции по тој предмет, а веројатно и некои од Кроулиевите коментатори исто така. Со помош на овие инфрмации тој би конструирал еден ритуал базиран на што повеќе можни Кроулиеви намери. Емпиристот би направил исто за да добие некоја “прва апроксимација” за одговор, а потоа би почнал да експериментира со промените проценувајќи и бележејќи ги резултатите кои би ги добивал кај секоја варијанта. На крајот емпиристот би дошол до оној резултат кој најмногу би одговарал на целта, базиран на личното набљудување.

Самиот Кроули без прекин ги храбрел Телемитите да се стремат кон практично лично искуство. На пример, тоа е главна тема на неговите писма во Магика Без Солзи. Сосема е возможно дека Кроули се плашел неговата судбина да не биде иста како и судбината на другите големи Пророци пред него. Буда, Христ,Кроули – сите дошле како учители и сите биле обожавани од некои како Богови. Ова е смислата на езотеричната будистичка доктрина “Ако го сретнеш Буда на пат убиј го”. Учете од мудроста на Учителот; не обожувајте го ниту Учителот ниту неговите лекции. “Убивањето на Буда” ве ослободува да продолжите по својата патека, а не да ја следите патеката на некој друг.

Кроули бил гласник. Тој секогаш настојувал да потенцира дека Liber Legis и другите Телемитски свети книги се диктирани, а не составени. Како Телемити ние нашите животи ги посветуваме на пораката која Кроули ја пренесол. Како Магичари ние извлекуваме корист од морето на знаење што Кроули го собрал. Како Емпиристи имаме одговорност да ја ускладиме и прошириме нашата посветеност и знаење преку сопствените напори во лабораториите на нашите животи.

Преобратеник (Сто години отсега) Една вечер се сретнале на шумска лединка еден Ужасен Човек и една прекрасна девојка. “Каде одиш така понизно и свето”? “Одам во храмот за да го обожавам Кроули. “Значи, тогаш Кроули е Бог? Како го знаеш тоа”? “Па, Капетан Фулер така ни кажа”. “А како знаеш дека Фулер бил во право”? “Се плашам дека ти си зол човек; добра ноќ”.

Додека овој вид на работа се нарекува успех Јас нема да сметам на горчината од неуспехот.

Ако го сретнеш Кроули на патот, убиј го.

Љубовта е закон љубов под волја.

Од магазинот Baphomet Breeze Vol. VII, No1

Back To Top