Делови на душата

Делови на душата

( Напомени на Liber 777 )

Оваа колона често е занемарувана од студентите при проучувањето на Liber 777 бидејќи е на еврејски. Кабалистичките делови на душата претставуваат патоказ во многу пресудни работи. Овој краток преглед не може да даде потполн увид за предметот на расправата, но ќе бидат нагласени некои поединости и ќе биде претставена една од многуте методи во проучувањето на душата или деловите на душата.

Иако Кроули прикажува само пет делови на душата, повеќето кабалистички извори прикажуваат и шести дел. Единствен дел кој недостасува во колоната LXVII е Гуф (Gooph), физичкото тело (32 во клучната скала).  Исто така она што одговара на клучните броеви во оваа колона е поврзано со основната симболика на 22 патишта на Дрвото на Животот. Основната атрибуција на деловите на душата е повеќе со Сефиротите. Таа атрибуција не е едноставна и затоа потребно е користење на основните атрибуции кои се дадени во Liber 777.

Ова се базичните врски помеѓу деловите на душата и Дрвото на Животот:

גוף – Гуф – (Gooph) – Клучен број ( т.е  Сефира  10  – Гематрија    вкупно  89/809 = חפא  /Ch P A/ , да склони или сокрие.
Значење: физичко тело – најоддалечена чаура (обвивка) на душата. Единствено Малкут го одржува Гуфот.

נפש Нефеш -( Nephesh) – Клучен Број 9 – Гематрија тотал: 430 = תל / Th L / , да изнесе, да роди.
Значење: животински дух (animal spirit), астрално тело, нижо ирационално јас (self).  Јесод е примарно седиште на Нефеш, иако овој дел има поважни функционални односи со повеќето Сефироти.

רוח – Руах – (Ruach) – Клучен Број првенствено 6, но се протега над 4,5,6,7,8 и 9. Гематрија тотал 214 =  טהר / T H R / , да се биде бистар.
Буквално значење: животен здив.
Кабалистичко значење: Човечка личност (personality) комплетна свест за себе. Седиштето на Руах е Тифарет; а личноста е несовршена (непотполна) ако Тифарет не е достигнат како вистински его. Оваа душа се протега од Хесед до Јесод каде што се стопува со Нефеш.

נשמהНешамах (Neshamah) – Се употребува во два случаи:
Во првиот се однесува САМО на Клучниот Број 3 , а по другиот ги вклучува 1,2 и 3. Гематрија тотал 395 = ישעיה / J Sh A a J H/ , помош од Јах.
Значење: возвишена душа, корен  на HGA (Свет Ангел Чувар) за манифестација во Руах.

Бинах е седиште на Нешамах, но Нешамах е канал за сите три Виши Сефироти при преминот преку бездната. Кога ќе се постигне премин преку бездната, сите три горни Сефироти се стопуваат во Бинах и се доживуваат како цветање на  Даат. Тоа е отворање на педесетте Врати на Разбирањето. Кога таа врата ќе се отвори, Руах е издигнат и сите три горни сефироти му се манифестираат во низа. Иако Нешамах е бесмртен, тој го употребува Руах како свое поле на активности. Спојувањето од Руах до Нешамах е наречено Знаење и Разговор со Светиот Ангел Чувар (HGA=Holy Guardian Angel).

חיה – Хиах – (Chiah) – Клучен Број 2 – Гематрија Тотал 23 = אבכ /A B K /, да се искачи (to mount up) на столб.
Значење: живот, бесмртна душа , соединување на љубовта и Вистинската Волја. Хокмах е центар на таа душа и се под него е безначајно без него.

יחידה – Јехидах – (Yechidah) – Клучен број 1 – Гематриска вредност 37 = להב /LHB / = блескав меч  (Во Liber D   L H B  е Пламен).
Значење единствен суштински дух, унија со Ѕвезда.

Кетер е место на ова Крунисување на суштината на душата. Јехидах не потпаѓа под влијание на инкарнацијата.

Сето ова е прилично технички прикажано. Веројатно теоријата на реинкарнација објаснета со термините на душата ќе помогне во разбирањето на горе изнесеното.

Гуфот е  припреман во утробата на мајката. Тоа е мртва работа, која го добива својот животен облик од телото или Гуфот на мајката. После извесно време, некој порано постоечки  Нефеш, Руах или Нешамах ќе го испита Гуфот во утробата. Во тоа време вообичаено е мајката да доживува соништа или визии. Доколку мајката го фаворизира тој посебен тип на дух, или ако е опседната со него, бебето кое ќе се роди ќе ја има евентуално таа душа. Ако таа душа е одбивана од мајката, други ќе пробаат да остварат контакт. Ако ниедна  поранешна постоечка душа не се врзи за Гуфот, во утробата може да се развие Нефеш за /тој/ Гуф . Или нечовечки дух може да се врзи (ова е технички Moonchild пример, и резултат може да биде умоболност на детето), или пак ниедна душа нема да се врзе и Гуфот ќе умре за време на породувањето.

Еднаш кога врската е воспоставена, Нефеш ќе дојде да престојува во контакт со Гуфот. Оваа состојба обично се открива при движењето на фетусот или Гуфот во утробата. Нефешот може подоцна да се одвои и повторно да го започне процесот на врзување. Руах природен на Нефешот со тек на време ќе се манифестира во свеста (mind) на мајката. Ако Нефешот, кој станал конечно соединет, е  еден од новите бебето ќе стане едно од “ново инкарнираните”. Некои веруваат дека тоа е невозможно и дека во тој случај е привлечен Нефеш од животно. Доколку Нефешот му припаѓал на мртов човек тогаш тоа е едноставна реинкарнација. Ако Нефеш му припаѓа на жив човек, тоа е облик на работа на Ослободениот Адепт (Adeptus Exemptus), кој врши пренос на суштината на своето Јас во друго тело. Многу луѓе имаат прекумерни морални резерви што се однесува на ваквата метода на бесмртност.

При раѓањето, обично при првиот здив Руах станува потполно врзан или венчан за Нефеш  и Гуф. По неколку недели се рефлектира оваа состојба на потполна душа во необично зрелите реакции на доенчето.  Нешамах исто така може да се искаже со своите пропратни појави. После првите недели Руах отстранува се освен линијата на контакт. Всушност Руах ја губи свесноста поради контактот со незрелото тело. Оваа е точка во која минатите животи најчесто се забораваат. Нефеш управува со телото обично до старост од седум години. Во тоа време Ход на Дрвото на Животот се активира и нижите разумни способности на Руахот сериозно почнуваат да се манифестираат. Нецах може да се активира пред Ход, при што интроверзијата и интуицијата го заземаат местото на расудувањето. Збиеноста на овие Сефироти со Јесод е видлива во раното сексуално експериментирање.

Руах постепено (потполно) се активира од Јесод до Нецах до старост од околу 21 година, кога Тифарет почнува да презема надмоќна улога. На околу 35 години, кај повеќето луѓе Гебурах станува активен. Руах станува потполно пораснат кога Хесед се активира во склад со другите Сефироти од Хесед до Јесод. Реорганизацијата околу Тифарет ја урамнотежува и прочистува Руах – душата.

Иницијацијата подразбира будење на Сефиротите во соодветна низа. Доколку Знаењето и Разговорот на Светиот Ангел Чувар се изврши во прочистен (бистар) Руах, бесмртноста на личноста (personality) е веројатна. Ако ова се случи во сериозно неурамнотежен Руах, резултатот е лудост и рана смрт. Поврзувањето на врховните Сефироти и Душите е Големо Дело на Виша Иницијација. Бесмртноста на Руахот може да се случи само преку активно единство со Нешамах. Нефеш и после смртта може да опстане долго во живот преку вампирска врска со Нефешите од живите луѓе – ова често не е штетно, дури може да биде и прилично олеснително за некој човек.

Религијата може да произлезе од тоа.

Back To Top