Златните стихови на Питагора

Златните стихови на Питагора

1. Прво обожавај ги Бесмртните Богови, бидејќи се одредени и наложени од Законот.
2. Почитувај ја заклетвата, потоа Хероите полни со добрина и светлина..
3. На сличен начин почитувај ги Терестријалните Дајмони, давајќи им го обожавањето кое законски им следува.
4. Исто почитувај ги твоите родители и оние кои се најблиску поврзани со тебе.
5. Од останатиот свет направи го пријател оној што се истакнува со својата доблест.
6. Секогаш обрати внимание на неговите благи наговарања и огледај се по примерот на неговите доблести и полезни акции.
7. Избегни го колку што е можно мразењето на пријателот за мала грешка.
8. (И разбери дека) моќта блиску се граничи со нужноста.
9. Знај дека сиве овие работи се така ко што ти кажав; и навикни се да ги надминеш и победиш овие страсти:
10. Прво лакомоста, мрзливоста, сладострасноста и гневот.
11. Не прави ништо лошо ни во присуство на други ниту скришно;
12. Но пред се почитувај се себеси.
13. Следно, запази праведност во твоите постапки и зборови.
14. И привикни се да не се однесуваш при секоја околност без правила и без разум.
15. Но секогаш направи ја оваа опсервација дека е наложено од судбината сите луѓе да умрат.
16. И добрата и богатствата се несигурни; па како што можат да бидат стекнати така може и да бидат изгубени.
17. Во однос на сите несреќи што луѓето ги снаоѓаат од божествената судба,
18. Поднеси ја трпеливо твојата судбина, каква и да била и никогаш немој да негодуваш околу тоа.
19. Ами настојувај да направиш с# што можеш за да ја поправиш.
20. И сфати оти судбината не им испраќа голем дел на вакви несреќи на добрите луѓе.
21. Постојат меѓу луѓето многу видови на размислувања, добри и лоши;
22. Немој да им се восхитуваш премногу лесно, ниту да ги отфрлаш.
23. Но ако лагите напреднале слушни ги со благост и вооружи се со трпеливост.
24. Забележи го добро во секоја прилика она што ќе ти го кажам:
25. Не дозволувај ниеден човек ниту со зборови, или со дела некогаш да те заведе.
26. Ниту да те намами да кажеш или направиш нешто што не е полезно за тебе.
27. Консултирај се и промисли пред да делуваш за да не би направил будалести акции.
28. Зашто му доликува само на мизерен човек да говори и делува без размислување.
29. Но прави го она што нема да те измачува отпосле, ниту ќе те принуди на покајување.
30. Никогаш не прави нешто што не го разбираш.
31. Ами научи го она што треба да го знаеш и на тој начин ќе водиш пријатен живот.
32. На ниеден начин немој да го занемаруваш здравјето на твоето тело.
33. Но дај му пиење и месо во соодветна мерка исто и вежби кои му се потребни.
34. Сега под мерка подразбирам нешто што нема да ти создава тешкотија.
35. Навикни се на начин на живот кој е уреден и пристоен без луксузи.
36. Избегнувај ги сите работи што ќе причинат завист.
37. И немој да се однесуваш расипнички како некој што не знае што е пристојно и чесно.
38. Немој да бидеш ни алчен ниту скржав; соодветната мерка е одлична во овие работи.
39. Прави само работи што не можат да те повредат и промисли пред да ги направиш.
40. Никогаш не дозволувај да заспиеш по твоето одење во кревет,
41. Се дури разумно не ги испиташ сите твои акции во текот на денот.
42. Каде погрешив? Што направив? Што пропуштив, а требаше да го направам?
43. Ако во ова испитување откриеш дека некаде се погрешил, прекори се остро за тоа;
44. А ако си направил некое добро радувај се.
45. Практикувај ги потполно сите овие работи; медитирај на нив добро; треба да ги сакаш со сето твое срце.
46. Тие ќе те постават на патот на божествената доблест.
47. Се колнам во оној кој го пренесе во нашите души Светиот Кватернион, изворот на природата, чија причина е вечна.
48. И никогаш немој да започнуваш некоја работа пред да им се помолиш на боговите за да го постигнеш она што си го наумил.
49. Кога ова ќе ти стане навика,
50. Ќе го осознаеш уредувањето на Боговите и на луѓето.
51. Дури и колку далеку различните битија се распространети, од што се содржани и што ги поврзува заедно.
52. На тој начин ќе сознаеш дека според Законот, природата на овој универзум е подеднакво во сите работи,
53. Па така нема да се надеваш на она на кое не треба да се надеваш; и ништо од светот нема да ти биде скриено.
54. На сличен начин ќе сознаеш дека луѓето доброволно си ги навлекуваат врз себе несреќите и по свој слободен избор.
55. Колку ли се несреќни! Тие ниту гледаат ниту сфаќаат дека нивното добро е близу до нив.
56. Малкумина знаат како да се спасат од своите несреќи.
57. Таква е судбината што го заслепува човештвото и му ги одзема сетилата.
58. Како огромен цилиндер се тркалаат напред и назад и секогаш се напаствувани од безбројни несреќи.
59. Зашто фатална вродена борба ги следи насекаде, отфрлајќи ги горе-долу; ниту пак ја забележуват.
60. Наместо да ја провоцираат и подгреваат тие треба преку попуштање да ја избегнат.
61. Ох Јупитер, наш Татко! Ти би ги спасил сите луѓе од сите зла што ги мачат,
62. Покажи им од кој дајмон можат да имаат помош.
63. Но биди храбар; расата човечка е божествена.
64. Светата природа им открива најскришни мистерии.
65. Ако таа ти ги додели нејзините тајни, лесно ќе ги изведеш сите работи кои ти ги наложив.
66. И преку лекување на твојата душа, ти ќе ја избавиш од сите зла, од сите измачувања.
67. Но апстинирај од меса кои ги забранивме во прочистувањата и спасението на душата;
68. Направи правилно разликување на нив и испитај ги сите работи добро.
69. Секогаш да бидеш воден и насочуван од разбирањето кое доаѓа одозгора и кое треба да ги држи уздите.
70. И по ослободувањето од твоето смртно тело кога ќе стигнеш во најчистиот Етер, Ти ќе станеш Бог, бесмртен, нераспадлив и Смртта веќе нема да има власт над тебе.

Back To Top