Членство во Редот

Членство во Редот

О.Т.О. е активен, со променлив степен, во 58 земји.

 Приватност

Членството во О.Т.О. е приватно, во таа смисла што имињата и адресите не се даваат на никого; ова важи и за службениците на О.Т.О. кои не смеат да даваат никакви информации за еден член без негова дозвола. Разбираме потврда или одрекнување на припадноста на Редот пред оние кои не припаѓаат на Редот, но иницијаторските претставници на Редот неопходно се изложени на ограничен јавен публицитет, во согласност со природата на нивните должности.

Информациите за членство се даваат при учество во иницијација доколку ги побара телото што чиноначалствува. Службениците кои ги праќаат членарините и билтените исто така имаат пристап до вашите информации.

Придружно членство

Членувањето е поделено во две примарни категории: придружен член и иницијант. Придружното Членување е чисто дописно без потребно физичко присуство. Тоа може да им користи на луѓе кои живеат далеку од телата на О.Т.О. или кои не се припремени да станат членови на О.Т.О. од која било причина. Таквите членови го примаат The Magical Link (Магичка Врска), имаат пристап кон другите публикации за членовите, можат да присуствуваат на повеќето О.Т.О. локални активности, ако во близина постои О.Т.О. тело и имаат попуст на книги кај некои издавачи. Исто така придружните членови имаат можност за допишување во С.А.Д и другите земји по пошта или интернет. Членарина за Придружно Членство е 10$ годишно.

Слободно стапете во контакт преку Секретарот на Трину Оазата (trinu.oasis@gmail.com), Tat Tvam Asi Оазата (tat.tvam.asi.oasis@gmail.com ) или Осоронофрис Кампот (osoronnofris@gmail.com)

Иницијантско Членство

За ова членство е потребна физичка церемонија и мора да биде изведено од некое тело на О.Т.О. (Ordo Templi Orientis). Испратете барање до Ваше локално тело или тело кое Ви е погодно заради други причини. Информациите за иницијаторската структура на О.Т..О и распоредот на членарините и уписнините за членовите, исто така, се достапни.

Членство во E.G.C.

Ecclesia Gnostica Catholica (E.G.C.)е еклезијастичка рака на О.Т.О. . Таа нуди – зачленување кое се предава преку церемониите на крштевање и ова  членство не нуди специјални привилегии и формално не се евидентира.

Членарини и Иницијациски трошоци

Дејствувањето на О.Т.О. главно се заснова врз членарини и иницијациски трошоци кои се собираат од членството. Иницијациските трошоци се користат за да ги покријат трошоците од самите иницијации. Плаќањата се одвиваат на следниов начин:

§        Членарините од придружните членови се праќаат во Интернационалниот Штаб.

§        Обновувањето на годишните членарини се праќа во Интернационалниот Штаб.

§        Сите други плаќања се прават во текот на иницијацијата на Локалното Тело.

Моментниот распоред на членарините и трошоците за Придружното Членство и за почетните серии на Иницијантски степени е даден овде:

Категорија Годишна членарина Иницијациски трошоци ВКУПНО
Придружно членство $10 $10
$36 $36 $72
$36 $36 $72
II° $72 $36 $108
III° $108 $72 $180
IV° $144 $100 $244
P.’.I.’. нема зголемување $31 $31

Во Македонија, се плаќа 15% од дадените членарини и иницијациски трошоци. Сите плаќања се изведуваат до Главните Сеопшт Ризничар на Редот.

Како додаток на горните членарини и трошоци, посебните локални тела можат да наплатат свои членарини или иницијациски трошоци за да ги покријат своите трошоци.

Членарините се плаќаат за новата иницијација или по една година од датумот на претходната иницијација. Иницијациските трошоци се плаќаат пред новата иницијација.

Покрај членарините и иницијациските трошоци, членовите и (не-членовите) пожелно е да дадат свои прилози од време на време. Прилозите може да бидат до одредена висина која не е подложна на државно оданочување. Членарините можат но и не мора да бидат подложни на оданочување во зависност од локалните државни закони.

Back To Top