In Nomine Babalon

In Nomine Babalon

Жените и Телемата

by Aisha Qadisha

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Како многу Телемитски жени се разочарував од забележаното женомрзие кое се провлекува низ некои од Кроулиевите дела. Ги слушав некои од браќата кои се ставаа во негова одбрана велејќи дека таквите духовити забелешки полни со женомрзие се балансирани со пофалби и величење на жените. Некои пак милуваат да кажат дека тој (Кроули) бил со едната нога во стариот, а со другата во новиот еон. Двете објаснувања го презентираат дуалистичкиот механизам во неговото размислување. Верувам дека тој често бил со едната нога над Бездната, а со другата под неа.

Под бездната, Кроули страдал од искушенијата на страстите како и сите нас: огорченост и тагување што ги придружува сите скршени срца, неговото незадоволство од моралот на Викторијанските жени; сето ова беше присилено да се јави во неговите плодотворни дела. Но понекогаш Кроули беше способен да ги надмине динамичките флуктации на Руах-от и да го увиди вистинскиот потенцијал на Жената: “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”. Мислам дека кога ја гледал Жената од трансперсонална перспектива можел да ја види нејзината божественост. Кога пишувал за неговите лични врски со жените, тој несакајќи откривал ограничување во неговата социјална зрелост. Па тоташ зошто овој феминист му се придружил на О.Т.О.?

Моjот поранешен професор по Литературен Критицизам еднаш му кажа на нашиот клас дека повеќето големи социjални движења биле водени од Големи Луѓе како што се Маркс, Фроjд, Ганди, Платон, Исус итн., и дека следбениците на овие движења станале фиксирани на самиот лидер и ја пуштиле сета своjа креативна енергиjа во верувањата на човекот и дека тоа е опасноста на ваквите движења. И тоа е опасност за О.Т.О., бидејќи сите искажани Кроуливи верувања не се наклонети кон жените. Да се надеваме дека нема Телемити кои веруваат дека “жената нема душа”, но тоа е можно. Тоа повеќе ме потсетува на баналните христиjански налепници за автомобилски браници на кои пишува “Бог така рече, Jас верувам и тоа е доволно”. Само заменете го “Бог” со “Кроули” и го добивате истиот тип на некритичко размислување. Имаjќи го сето ова во предвид решив да се придружам на социо-политичкатa група на покоjниот Голем Човек, Алистер Кроули. А тоа не е коjа било соcиjална група, внимаваj, згора на тоа се работи за соларно-фалички култ. Се плашам дека моjот ценет професор, коj упатуваше на движењата од тие “Големи Луѓе’ како на “лого-фалоцентрични”, ќе биде разочаран од мене. Но jас не жалам воопшто за тоа.

Искрено да кажам единствена причина заради коjа му се придружив на О.Т.О., после петгодишно самостоjно Телемитство, беа динамичните жени кои ги видов во Кампот Скерлетна Жена во тоа време, имено Sor Continuity и Sor. Lilith. Бев способна да го наjдам одговорот, коj другите не можеа да ми го обjаснат, со зборови преку моето дружење со многу невероjатни жени и мажи од нашата Оаза. Бев заjакната како жена, смртна и божествена, со доблеста на поддршката, љубовта, охрабрувањето, одличниот секс и магичките ритуали кои ги споделував со моите браќа. Феминистичкиот страв што го имав порано дека еден Кроулиевец ќе посака да ме направи обjект на божица, обична играчка за сексуална магика, беше страв на една човечка жена коjа не е поврзана со изворот на моќта. Овоj страв не може повеќе да биде поддржан кога би станала во моjот ум и тело Божица.
Постоjат некои работи кои никоj не може да ти ги одземе и признавањето за нечиjа божественост е една од нив.

За време на моето кратко стеснување во Редот, jас го исмевав Кроули, се сомневав, дебатирав и си jа трескав главата против силите кои имаа продорни прашања и на краjот заклучив дека не само што има место за еднаквост на жените во О.Т.О., туку и дека О.Т.О. делува како можно возило за заjакнување на жените и мажите In Nomine Babalon. Ова е нешто што Кроули не доживеа да го види како цвета, но мислам дека ако можеше да не види во акциjа, браќа и сестри кои работат рамо до рамо за донесувањето на Новиот Еон со љубов под волjа, тоj би бил горд (и самозадоволен)!

Љубов е законот љубов под волја

Back To Top